Спортскиот директор на Интер, Пиеро Аусилио во интервју откри дека има лажен профил на социјалната мрежа Инстаграм преку кој ги следи сопругите и девојките на фудбалерите на клубот. Во модерно време многу работи се случуваат на социјалните мрежи, а тој сака да биде навремено информиран за секој проблем.
Ваквиот пристап доаѓа од поука во минатото кога сопруга на поранешен фудбалер на клубот му предизвикувала големи проблеми.
„Признавам дека имам лажен Инстаграм профил. На него ги следам и останатите играчи и клубови“, откри Аусилио.
Претпоставките се дека за лажниот профил виновна е Ванда Икари, сопругата на поранешниот голгетер на Интер Мауро Икарди која е добро позната во јавноста по скандалите и контроверзиите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА