Првата сензација на годинашното издание на Вимблдон е елиминацијата на четвртиот светски тенисер Норвежанецот Каспер Руд.
Руд во 2. коло е елиминиран од домашниот тенисер Лијам Броди, инаку 142. тенисер во светот, кој успеа да слави во пет сета, 6-4, 3-6, 4-6, 6-3, 6-0.
Броди се запиша и во историјата затоа што е само четврти тенисер кој со специјална покана за учество на Вимблдон успеа да победи носител на Вимблдон. Пред него, Пет Кеш го победи Виландер во 1986 година, Горан Иванишевиќ во 2001 година славеше против Сафин и Ник Кирјос кој во 2014 година го победи Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

