Младата женска ракометна репрезентација со пораз го стартуваше настапот на Европското младинско првенство за ракометарки до 19 години кое се одржува во Романија.
Македонските девојки во главно храбра израмнета игра во текот на целиот меч, загубија од селекцијата на Црна Гора со 29-33.
Натпреварот почна максимално израмнето, па по долгата игра гол за гола, во финишот на првото полувреме Црногорките направија предност од три гола за 16-19 на полувремето.
Во вториот дел слична игра, противничките успеваа да ја одржуваат предност од првиот дел. Црногорките имаа предност и од пет гола во еден момент, за да Македонија на пет минути пред крајот дојде до 28-31, но сепак немаа сила македонските ракометарки за комплетен пресврт.
Најдобра поединка од редовите на македонската репрезентација беше Марија Јанкуловска.
Во вториот натпревар од нашата група, Данска убедливо славеше против Чешка со 36-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА