Навивачите чекаат да замине од клубот, а Мегваер доби зголемување на платата

Додека поголемиот дел од навивачите на Манчестер јунајтед чекаат да му го видат грбот на заминување од клубот, Џери Мегваер си доби зголемување на платата.

Неколку клубови се заинтересирани за доведување на Мегваер, меѓу кои се Њукасл и Астон Вила, но постои еден проблем. Никој од нив не е подготвен на Мегваер да му даде плата како во Јунајтед, а таа, верувале или не, сега уште е и зголемена во однос на минатата сезона.

Мегваер досега имал годишна плата од 10,6 милиони евра, а од оваа сезона таа му е зголемена на 12 милиони евра, што ги запрепасти навивачите на Јунајтед. На Мегваер, всушност, му е активирана клаузулата во договорот според која платата автоматски му се зголемува доколку Јунајтед се избори за Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа дека Мегваер уште претходно јасно посочи дека сака да остане во Манчестер, одбивајќи да игра на било кое друго место за помалку од 10,6 милиони евра, тешко е да се верува дека сега ќе прифати за помалку од 12 милиони евра.

Се вчитува...