Кошаркарската репрезентација на САД го објави списокот од 12 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Меѓу 12-те повикани кошаркари нема некои поголеми ѕвезди од НБА.
На списокот се Паоло Банчеро (Орландо Меџик), Микал Бриџис (Бруклин), Џејлен Брансон (Њујорк Никс), Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс), Тајрис Халибартон (Индијана Пејсерс), Џош Харт (Њујорк Никс), Брендон Инграм (Њу Орлеанс Пеликанс), Џерен Џексон (Мемфис Гризлис), Камерон Џонсон (Бруклин Нетс), Вокер Кеслер (Јута Џез), Боби Портис (Милвоки Бакс) и Остин Ривс (ЛА Лејкерс).
Деветмина од списокот веќе беа дел од репрезентацијата, а на овој шампионат ќе дебитираат Харт, Џонсон и Ривс. Репрезентацијата ја предводи тренерот на Голден Стејт, Стив Кер.
„Пресреќни сме што имаме можност да водиме таква талентирана и тимски ориентирана група играчи. Уверен сум дека овие 12 кошаркари добро ќе не претставуваат и дека ќе се бориме за златото“ – изјави Кер.
САД на Светското првенство ќе играат во групата Ц со Јордан, Грција и Нов Зеланд. Последен пат Американците беа светски шампиони пред девет години. На последното Светско првенство беа елиминирани во четвртфиналето од Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

