Шпанскиот кошаркар Вили Хернангомез се враќа во европската кошарка. Њу Орлеанс ја одби тимската опција како би можела да го задржи МВП-то од претходниот Евробаскет во своите редови, па 29-годишниот кошаркар ќе може без ограничување да го бира својот нов клуб.
Хернангомез, кој пред Њу Орлеанс тој играше и за Шарлот и за Њујорк во НБА лигата, јасно даде до знаење дека сака да се врати во АЦБ лигата, па Реал Мадрид виднаш му испратил понуда која се очекуваше да ја прифати. Но, потоа во целата работа се вклучи и Барселона со повисока понуда.
Од Барселона веќе најавија намалување на буџетот од 40 на 30 милиони евра, обидувајќи да се решат од високиот договор на Никола Миротиќ, a откако им пропадна и можност за ангажман на Кевин Пантер кој одлучи да остане во Партизан.
Што се однесува до Вили Хернангомез, Реал Мадрид полага права на него, а според правилата на АЦВ, понудата на Барселона, „кралевите“ ќе може да ја израмнат во наредните десет дена кога треба и дефинитивно да се знае неговиот следен клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

