Турскиот „вундеркинд“ промовиран во Реал Мадрид

Турскиот талент Арда Ѓулер, е официјализиран во дресот на Реал Мадрид. Тој денеска „позираше“ во друштво со претседателот Флорентино Перез.

Ѓулер во текот на целиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Барселона, меѓутоа на крајот „кралевите“ влегоа во игра, беа поконкретни и на крајот го „лапнаа“ овој турски талент. Тој потпиша договор со Реал до 2029 година.

Ѓулер досега настапуваше за Фенербахче. Турскиот клуб уште еднаш се покажа како главен извозник на играчи во големите клубови во последните неколку сезони. Лани од таму се продаде Ким Мин Јае во Наполи, а истиот пат го „изоде“ и Елиф Елмас во 2019 година.

Се вчитува...