Најновото засилување на Реал Мадрид, 18-годишнио Арда Ѓулер истакна дека му е исполнување на сонот што ќе игра во таборот на „кралевите“. На првата прес-конференција, Турчинот делуваше полн со самодоверба.
Тој кажа дека дошол во Реал Мадрид да стане легенда како што за овој клуб беа Кристијано Роналдо, Месут Озил и Гути, и дека не размислува за одење на позајмица во овој момент.
„Ова е најголемиот клуб во светот. Добив многу понуди, но мојот приоритет е Реал Мадрид. Се чувствувам подготвен да одговорам на предизвикот. Доаѓам да работам напорно и одбивам да бидам позајмен. Сакам да останам во Реал, и ако клубот ми даде шанса, ќе се обидам да ја искористам. Не размислувам за одење на позајмици. Реал Мадрид ме купи и доаѓам да играм тука. Тешко ми беше да го напуштам Фенербахче, но кога ќе дојде повикот од најдобриот клуб на Светот нема што да се зборува повеќе. Морав да го сторам тоа. Го сакам Фенер, и се надевам дека ќе ме разберат сите навивачи на клубот“, изјави Ѓулер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

