Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, ја критикуваше политиката на клубот да ангажира постари играчи наместо да зема помлади фудбалери, алудирајќи на доаѓањето на Илкај Гундоган, како и на Ињиго Мартинез.
Тој кажа дека Барселона со ангажманот на ветерани не мисли на својата иднина, и подобро, според него, би било да бидат ангажирани играчи од 22-23 години, отколку 10 години постари.
„Гледајќи однадвор може да зборуваме за возраста на донесените играчи. Барселона не работи на иднината, ниту од фудбалски аспект. Гундоган е одличен играч, но требаше да дојде во тимот порано. За клуб кој треба да гледа на иднината, треба да се фокусира кон ангажман на помлади фудбалери. Кога јас бев тренер, немаше пари, но ги имавме Педри, Нико, Гави… Во Холандија сме навикнати да им даваме шанса на помладите. Не станува збор за Гундоган. Такви играчи може да се ангажираат во секое време. Ако размислувате за иднината, подобро да ангажирате некој 22-годишник, отколку некој кој има 32-33 години“, рече екс тренерот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

