Седумкратниот првак во Лигата на Европа, тимот на Севилја се засили со двајца играчи. Тимот кој ќе игра во ЛШ следната сезона ја засили одбраната со ангажман на аргентинскиот стопер Федерико Гатони и левиот бек Адриа Педроса.
Гатони (24) доаѓа од Сан Лоренцо, каде што беше на позајмица токму од Севилја. Шпанците го потпишаа во зимскиот преоден рок и има договор до 2027 година. Минатата сезона во Аргентина забележа 25 настапи.
25-годишниот Педроса потпиша договор на пет години. Дојде од Еспањол како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со тимот од Барселона.
Претходно Севилја го ангажираше играчот на Рен, Лоик Баде. Тој беше позајмен во тимот, а сега екипата од Андалузија го откупи за 12 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

