Кошаркарките до 18 години поразени од Велика Британија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, доживеа нов пораз на Европското првенство до 18 години Б-дивизија откако во групата во која разигруваат за едно од местата од 9. до 18. во второто коло загубија од Велика Британија со 64-62.

Кошаркарките од островот три четвртини беа подобар противник од избраничките на Јелена Антиќ кои одиграа фуриозно во последниот период, но тоа беше доволно само за да се стигне до пристоен пораз од 64-62.

Натали Черити со 12 поени беше најефикасна во таборот на победникот, додека кај Македонија повторно најдобра беше Марија Николов со 21 поен.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...