Алкараз се намачи, но сепак помина во следната рунда без изгубен сет

Најдобриот тенисер во светот и прв носител Карлоз Алкараз се пласираше во третото коло на неофицијалното светско првенство Вимблдон.

Тој во втората рунда во еден нималку лесен натпревар славеше против Французинот, Александре Мулер со максимални 3-0, по сетови 6-4, 7-6 и 6-3. Во третото коло Алкараз за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Јари и Кублер.

Пласман во третото коло обезбеди и Александер Зверев кој со 3-1 во сетови беше подобар од Јапонецот, Ватануки.

Се вчитува...