Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство.
Откако вчера подобри од „црвено-жолтите“ девојки беа Црногорките, денеска очекувано избраничките на Јулијана Дамчевска беа поразени од еден од најголемите фаворити за титулата Данска (27-39).
Иако Македонија загуби на овој меч, нашите девојки одиграа добар натпревар во поголемиот дел од мечот против големиот фаворит, а падот на крајот на првиот и вториот дел беше причината за поразот.
Ива Младеновска во нашиот табор со седум гола беше прво име, додека кај победникот Скаљони постигна 11 погодоци.
Македонија сега ќе навива за Чешка во мечот против Црна Гора како би ги задржала шансите за пласман меѓу осумте најдобри на стариот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА