Циципас во меч кој траеше два дена преку Мареј до трето коло на Вимблдон

Откако во првото коло во пет сета Стефанос Циципас го елиминираше Доминик Тим, грчкиот тенисер и во втората рунда успеа во трилер маратон да слави.

Овојпат Гркот беше подобар од двократниот шампион на Вимблдон, Енди Мареј со 3-2 (7-6, 6-7, 4-6, 7-6 и 6-4).

Во мечот кој почна вчера, а по првиот ден Мареј имаше предност од 2-1, Циципас подобро се снајде денеска и на крајот успеа да стигне до конечен триумф од 3-2.

Се вчитува...