Руди Фернандез најави крај на репрезентативната кариера

Шпанскиот кошаркар Руди Фернандез изјави дека следната година по Олимписките игри ќе стави крај на својата исклучително богата репрезентативна кариера.

Фернандез  рече дека сака да го исполни ветувањето што му го дал на својот татко, кој почина минатата година.

„Му ветив на татко ми дека ЛОИ во Париз ќе биде моето последно репрезентативно натпреварување“, изјави Фернандез.

Кошаркарот на Реал Мадрид двапати беше светски шампион со шпанската репрезентација, во 2006 и 2019 година и четири пати европски шампион (2009, 2011, 2015 и 2022 година). Тој исто така освои две олимписки сребра (2008 и 2012) и една бронза (2016). Има и сребро во 2007 година и бронза во 2013 година од ЕП.

Се вчитува...