Салиба го продолжи договорот со Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба потпиша нов четиригодишен договор, потврдија од клубот од северен Лондон.

Францускиот дефанзивец дојде во Арсенал во 2019 година од Сент Етјен, но не се избори веднаш за позначајна улога во тимот.

Минатата сезона, по серијата позајмици, тој конечно се наметна во стартниот тим на Арсенал, одигра 33 натпревари во сезоната, а постигна и три гола.

Благодарение на добрите настапи во Арсенал, Салиба стана француски репрезентативец, кој веќе одигра осум натпревари и беше член на тимот кој во декември минатата година во Катар стана вицешампион.

Се вчитува...