Ига Швјонтек го продолжи походот по нов гранслем трофеј откако првата носителка лесно се справи и со Петра Мартиќ, за нова рутинки триумф на Вимблдон (6-2, 7-5). Интересно, Мартиќ прва стигна до брејк за рано водство од 0-1, но Швијонтек потоа со голем пресврт го доби првиот сет со 6-2. Вториот сет беше израмнет до 3-3, кога фаворитката успеа да стигне до брејк, по што полската тенисерка го доби сетот со 7-5. Нејзина следна противничка ќе биде Швајцарката Бенчиќ, која денеска славеше над Линет со 2-0 во сетови.
Тунижанката Жабер рутински се пласираше во следната рунда по убедливите 6-1, 6-1 во пресметката против Баи од Кина. Жабер за противничка во следната рунда ќе ја има Андреску од Канада, која го доби денешниот дуел против Калинина од Украина со 2-1 во сетови.
На машкиот дел од турнирот, Рубљов триумфираше со 3-1 во сетови над Давид Гофан, Синер со идентичен резултат беше подобар од Халис, додека Галан од Колумбија во драматичен дуел славеше со 3-2 над Швеѓанецот Имер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

