Таткото на Маунт сонуваше синот да заигра за Јунајтед: Како мал те носев овде, сега е твојот дом…

Мејсон Маунт го комплетираше трансферот од Челси во Манчестер Јунајтед, исход од кој убедливо најсреќен беше неговиот татко. Тони Маунт никогаш не криеше дека е голем фан на Јунајтед дури и кога синот му ги бранеше боите на Челси, па како што може да се очекува, тој беше исклучително горд по трансферот на англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед ја искористи целата ситуација канејќи го „Маунт Сениор“ како гостин на клубот, при што тој се запозна со дел од новите соиграчи на својот син, но и мина десетина минути во соблекувалната на „црвените ѓаволи“.

„Мејсон… оваа соблекувална… ова е дом, ДОМ… Кој би помислил, кога те носев овде како дете“, емотивно коментираше Тони Маунт.

„Знам, посебно чувство“, кратко одговори Мејсон Маунт…

Се вчитува...