Добра вест од Сплит: Ван дер Сар не е во животна опасност…

Охрабрувачки вести пристигнуваат од Сплит околу состојбата на Едвин ван дер Сар, откако легендарниот голман итно беше примен во клиниката во Сплит поради сомневање за мозочен удар.

Тој се пожалил на силни главоболки, по што сопругата веднаш повикала брза помош, а навремената лекарска интервенција придонела состојбата на Ван дер Сар да се стабилизира. Како што информира весникот „Спортске Новости“, Холанѓанецот не се наоѓа во животна опасност иако било утврдено дека дошло до крвавење во пределот на мозокот.

Точната дијагноза поставена од лекарите придонела проблемот навремено да биде саниран и да не дојде до дополнителни компликации. Докторите инсистираат Ван дер Сар да остане во клиниката во Сплит уште неколку дена, за да бидат извршени детални прегледи пред да биде пуштен на домашно лекување.

Се вчитува...