Роберто Галјардини на крајот од сезонава стана слободен играч по истекот на договорот со Интер. Фудбалерот за врска не чекаше многу за нов ангажман, па од неколкуте понуди што ги доби во изминатиот период ја избра онаа на Монца.
Овој клуб многу полесно од очекувањата успеа да опстане во Серија А, а претседателот Галијани не крие дека е решен да состави силен тим. Галјардини бил импресиониран од проектот на Монца, прифаќајќи ја понудата за едногодишен договор, со автоматско продолжување на уште една сезона доколку оствари одреден број на настапи.
Овој 29-годишен фудбалер ги мина младинските категории во Интер, за „нероаѕурите“ во 2017 година да платат 22,5 милиони евра за да го вратат назад на „Џузепе Меаца“. Неговата минутажа се намалуваше од година во година, а зад името на Галјардини остануваат запишани 190 одиграни официјални натпревари во дресот на Интер, со 16 постигнати погодоци и девет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

