На Ѓоковиќ не му се игра два дена: Во три сета го реши Вавринка за „фајронт“ на денот!

Новак Ѓоковиќ пред „фајронт“ за денешниот ден на Вимблдон успеа да си ја заврши својата задача, во три сета победувајќи го Стан Вавринка за пласман во осминафиналето на Грандслем турнирот.

На српскиот тенисер очигледно не му се играше третата рунда во два дена, па побрза да го реши Вавринка пред крајот на денот.

Ѓоковиќ лесно ги доби првите два сета со 6-3 и 6-1, а потоа единствено драма имаше во третиот сет кој го доби во тај-брејкот со 7-6 (7-5). Интересно, Вавринка во тај-брејкот имаше предност од 3-5 но Ѓоковиќ со четири едноподруго поени дојде до 7-5 за конечна победа на мечот.

Се вчитува...