Италијанските медиуми и јавност повеќе од еуфорично го дочека новото засилување на Интер, Давиде Фратези наведувајќи го како огромно засилување на „нераѕурите“.
Сепак, со сето тоа не се согласува и италијанскиот новинар Карло Алвино кој вели дека десетмина како него едвај прават еден Елиф Елмас.
Според Алвино, Елиф Елмас е премногу потценет во Италија, а квалитативно е многу над Фратези, кој сега се претставува како чудо од фудбалери. Елмас изминатава сезона дојде до првото „скудето“ по 33 години за Наполи, а во истото партиципираше со шест гола и четири асистенции, иако секогаш главно настапуваше од втор план.
„Доста се палете. Реалноста е дека десетмина како Фратези технички прават еден Елиф Елмас. Но, проблемот е што Наполи медиумски не може да помине така силно како тимовите од Милано и Торино или Рим. Па затоа некои фудбалери поминуваат како шампиони, а другите потценети. Фратези и Елмас се млади, ама Елмас веќе има многу поголемо искуство од Наполи, репрезентацијата на Македонија, европските настапи. А ми се чини дека кога се мери квалитетот на Елмас вагата е спуштена на ниско, за разлика од некои други. Елмас во Наполи одигра одлично и тешко ми е да разберам зошто е потценет во однос на еден Фратези. Уште еден пример за тоа колку е некоректна јавноста кон лицата од Наполи е податокот дека Карневали важи како спортски директор број еден во Италија. Но, тоа е затоа што е човек од Милан, а сите почести треба да одат кај Џунтоли кој осум години работеше и никој глас не му слушна а направи толку многу работи. Сега отиде во Јувентус и веднаш се крена огромна ‘галама’. Така е и со Елмас, потценет е кај медиумите само затоа што е во Наполи. А по ниту една основа Фратези не е подобар од него“ – вели Алвино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

