Легендарниот Стипе Миочиќ повторно се враќа во октагонот после две години, потврди шефот на УФЦ, Дан Вајт.
40-годишниот американски борец со хрватско потекло на 11. ноември во Њујорк ќе се бори против актуелниот шампион, 35-годишниот Џон Џонс за појасот во тешка категорија.
Две години и четири месеци минаа откако Нгану го нокаутираше, па Стипе уште тогаш најави дека кога тогаш ќе го врати појасот во своја сопственост. Се повлече по поразот во семејната оаза, долго одмарајќи, за сега да одлучи повторно да се врати.
IT’S OFFICIALLY HAPPENING 🚨@JonnyBones vs @StipeMiocic for the heavyweight title will headline #UFC295 at Madison Square Garden!! pic.twitter.com/Que6RwEjo4
— UFC (@ufc) July 7, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА