Покетино: Во одлични односи сум со Кејн, зошто не би дошол кај нас?

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино изјави дека е во одлични односи со Хари Кејн кого посакува да го види во редовите на „сините“ од Лондон.

„Да, не е тајна дека сум одлични односи со Кејн. Но, тоа не мора ништо да значи. Секако, кој не би сакал еден таков играч во својот тим“ – вели Покетино.

Британските медиуми, токму и поради овие зборови на првиот човек на тимот на Челси, шпекулираат дека Кејн би можел кариерата да ја продолжи во Челси.

Тотенхем има уште една година договор со Кејн, а потоа би можел бесплатно да се пресели во Челси. Познато е дека Кејн е желба и на Баерн Минхен.

Се вчитува...