Мбапе: Луѓето мислат дека сум арогантен затоа што сум роден победник!

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе во наредните две недели ќе треба дефинитивно да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

ПСЖ поставувајќи му ултиматум се закани дека ќе го продаде доколку не потпише нов договор, затоа што не сака да го загуби како слободен играч следното лето. Затоа сега се е на Мбапе, кој и минатата година беше блиску до Реал Мадрид, но во последен момент се премисли и остана во ПСЖ.

Сега, Мбапе, како што вели, најмалку му е важно кој дрес го носи, сака само да биде се подобар и подобар на теренот…

„Не се оптоварувам со тоа дали ја одиграв последната сезона во Лига 1 или не. Играм само за да победам и ништо друго. Не ми е важно кој дрес го носам и каде играм, важно ми е на терен да сум се подобар и подобар. Јас сум секогаш гладен за победи, не сакам да бидам дел од тим кој се задоволува со минимум. Јас лично никогаш не сум задоволен од тоа што го правам, никогаш не сум импресиониран од самиот себе“ – вели Мбапе во интервју за „Л’Екип“ и дополнува:

„Поради тоа што сум роден победник, луѓето понекогаш мислат дека сум арогантен. Но, сакам само да победувам, не се плашам од неуспех, тоа е дел од спортот, дел од животот на секој спортист, но убеден сум дека сум се родил за да победам и сакам да им го покажам тоа на сите“.

Се вчитува...