Легендарниот Кваљарела во пензија: Крај на една бурна кариера, „предавство“, солзи, гордост и тага…

Легендарниот Фабио Кваљарела на крајот на мај го одигра последниот натпревар во дресот на Сампдорија, емотивни моменти кои засекогаш ќе останат запаметени.

Со солзи во очите го напушти теренот, не криејќи дека му е тешко бидејќи изгледа дури во тој момент стана свесен дека никогаш повеќе нема да игра на овој стадион. Во тој момент сите беа свесни дека најверојатно дојде крајот на големата кариера.

Се пишуваше потоа за евентуалниот трансфер на Кваљарела во некој клуб „преку барата“ за да одигра можеби уште една сезона, но и тоа сега пропадна. 40-годишниот Фабио дефинитивно ја заврши играчката кариера. Денеска и официјално Сампдорија му се заблагодари за се што направи за нивниот клуб, а Кваљарела објави пензија.

„Се збогував како што сакав, пред моите фанови со големи емоции. Нема смисла и после се да бидам активен играч, затоа што имав збогум за паметење“ – вели Кваљарела, кој става точка на својот кариера и стави крај на сите летни шпекулации.

Кваљарела летото 2010 година дојде во Јувентус од Наполи, што беше неверојатно предавство за „наполитанците“. Го навредуваа и го исвиркуваа со години, а дури подоцна сфатија дека тоа го направил бидејќи неговиот живот беше во опасност.

Во Сампдорија пристигна во летото 2016 година од Торино, а покрај тоа играше и за Фиорентина, Удинезе, и Асколи, Наполи.

Се вчитува...