Акцијата на Комити зема замав: Собрани еден милион денари за спас на Вардар

Навивачката група Комити се пофали за нов успех на акцијата за спас на Вардар, откако „црвено-црните“ ја стигнаа границата од еден милион денари собрани преку продажба на сезонски билети за наредната сезона.

Најголемите приврзаници на Вардар минатата седмица на прес-конференција ја презентираа идејата за спас на клубот кој тоне во огромни долгови, најавувајќи дека посакуваат да биде достигната границата од 500.000 евра.

Оваа бројка засега е далечна, но „комити“, кои во изминатиот период го презедоа и целосното управување со клубот, се оптимисти дека акцијата ќе тргне со уште посилно темпо како што се ближи стартот на новата сезона.

„Силата на Вардаровите навивачи! За помалце од една недела, заедно успеавме да стигнеме до првиот милион. Целта е се уште далеку, но само заедно, сплотени, како до сега, ќе стигнеме до неа!  Акцијата продолжува, со уште посилно темпо!  Членската карта, е обврска на секој навивач на клубот“, беше објавено на официјалниот фејсбук профил на ФК Вардар.

Се вчитува...