Британскиот велосипедист Марк Кавендиш мораше да го прекине својот настап на „Тур де Франс“ по тешкиот пад и повредата што ја заработи во текот на осмата етапа од најпозната трка во светот. Инидентот се случи на 64 километри пред целта во Лимож, кога Кавендиш остана да лежи на асфалтот и веднаш стана јасно дека повредата не е нималку наивна.
Ваквиот исход следи само еден ден откако Кавендиш го освои второто место во седмата етапа и покажа дека би можел да стигне до уште една етапна победа на Тур де Франс, со што би станал апсолутен рекордер во оваа категорија (моментно го делеше рекордот од 34 победени етапи со Еди Меркс од Белгија).
Лекарскиот тим пристигна до Кавендиш нецела минута по падот, тој се жалеше на болки во рамото и главата, по што со возило на брза помош мораше да биде пренесен во најблиската клиника, што беше неславен крај на неговиот настап на оваа велосипедска трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

