Девет години од најголемиот бразилски срам: Кога Германците играа „самба“ во Бело Хоризонте (видео)

На денешен ден пред точно девет години беше одигран еден од најнезаборавните мундијалски натпревари на сите времиња, кога Германија во полуфиналето од СП 2014 го демолираше Бразил со неверојатни 1-7.

Бразилците ја имаа улогата на домаќини на овој мундијал, со тоа го носеа и фаворитскиот товар, па никој не веруваше дека во полуфиналето во Бело Хоризонте ќе им биде одржана така брутална фудбалска лекција.

Се почна со голот на Томас Милер во 11. минута, а Германија по половина час игра веќе водеше со 5-0, по погодоците на Клосе, Крос (два) и Кедира. Шурле со два гола донесе преубедливи 7-0 за Германците, додека Бразил дури во последната минута го намали резултатот на 7-1 преку Оскар.

За Германија ова претставува најдрагоцена мундијалска победа над големиот ривал, додека „кариоките“ до ден денеска ги пече таа рана од Бело Хоризонте, како најсрамен пораз во фудбалската историја на оваа земја.

Се вчитува...