Фудбалерите на Брегалница триумфираа на првиот свој подготвителен меч во летниот период, славејќи со 1-2 на гостувањето против Силекс во Кратово.
Штипјани беа подобар противник на терен во текот на целиот натпревар победата најавувајќи ја уште во првото полувреме со головите на Андонов во 25. минута и засилувањето Колинс во 45. минута.
Во второто полувреме двајцата тренери направија голем број измени, при што домашните сето тоа го искористија само за почесен погодок. Во дресот на Брегалница дебитираа и младите, Даријан Тасев и Един Мандак.
Сепак, мечот го одбележа и непосакуваната повреда на еден од најдобрите фудбалери на Горан Силјановски кој во финишот на натпреварот заработи повреда на задната ложа.
Надежите се, сепак, дека Силјановски ќе успее брзо да се опорави па да се врати во составот пред стартот на новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА