Најголема глупост на Вимблдон: Петти сет, тајбрејк, а тој сервираше „под рака“… (видео)

Неверојатна случка го одбележа фантастичниот дуел на Вимблдон меѓу Алехандро Давидович Фокина и Холгер Руне, во кој данскиот тенисер славеше со 3-2 во сетови, и тоа во тајбрејк во решавачкиот сет.

Шпанецот Фокина има за што да жали, ако се знае дека во тајбрејкот имаше водство од 8-5, по што противникот стигна до 8-8. Токму при овјо израмнет резултат Давидович Фокина се реши за неверојатна глупост, обидувајќи се да го изненади противникот со сервис „под рака“. Руне одлично се снајде и со силен удар го матираше шпанскиот тенисер, потоа при 9-8 на свој сервис освои уште еден поен и заслужено го доби овој драматичен дуел.

Погледнете го тој момент на глупост на Давидович Фокина, кој уште долго ќе го памети овој неверојатен пораз…

Се вчитува...