Актуелниот шампион на АБА лигата, Партизан и капитенот на „црно-белите“ Кевин Пантер ја продолжија верноста со потпис на нов двогодишен договор. Американскиот кошаркар беше пред трансфер во Барселона, но истиот пропаднал поради Никола Миротиќ, пренесуваат шпанските медиуми.
Каталонскиот тим нема доволно финансии да го задржи шпанскиот кошаркар со црногорско потекло во своите редови и притоа да состави конкурентен тим за новата сезона по намалувањето на буџетот, а финансиските проблеми и разврската на отказот на Миротиќ во Барселона се оние кои го премислиле Пантер да премине во Шпанија.
Доколку го комплетира двогодишниот договор со Партизан, Пантер воедно може да испише и историја како единствен странски кошаркар кој останал во таборот на „црно-белите“ пет сезони, нешто што се нема случено во 77 годишната историја на белградскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА