Лукас Хернандез од денеска и официјално е нов фудбалер на ПСЖ. Францускиот репрезентативец во редовите на парискиот клуб доаѓа од Баерн Минхен во трансфер вреден 50 милиони евра за петгодишен договор.
Светскиот шампион со Франција во 2018 година и освојувачот на Лигата на Шампионите со Баерн Минхен во 2020 година е петто засилување за актуелниот француски шампион по Шкринјар, Асенсио, Угарте и Ли.
Let’s make 𝐇𝐈𝐒𝐓𝐎𝐑𝐘 in Paris 👀#WelcomeHernández ❤️💙 pic.twitter.com/MtXVIRBAAj
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА