Рубљoв преку Бублик до четвртфинале на Вимблдон

Рускиот тенисер Андреј Рубљoв по голема борба се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон совладувајќи го Казахстанецот Александар Бублик со 3-2 во меч кој траеше три часа и 20 минути.

Рубљов беше подобар во првите два сета добивајќи ги со 7-5 и 6-3, но Бублик не се откажа. Добивајќи ги третиот и четвртиот сет со 7-6 успеа да изедначи, но немаше сили за целосен пресврт во одлучувачкиот сет.

Се вчитува...