Лесор: Кога слушнав дека Слукас потпиша за Пао полудев

Костас Сликас го направи најсензационалниот трансфер ова лето откако „црвено-белите“ бои на Олимпијакос ги промени со „зелените“ на Панатинаикос, најголемите ривали во грчката кошарка.

А, додека навивачите на пирејскиот клуб го осудија искусниот 33-годишен бек за предавство, веста за трансферот со радост ја дочекал Матијас Лесор. Доскорешниот кошаркар на Партизан во новата сезона ќе настапува за Панатинаикос и како што вели едвај чека да заигра заедно со Слукас.

„Пресреќен сум. Слукас е еден од најдобрите бекови во Европа во последните 10 години. Со него ќе биде неверојатно да се игра. Ве прави подобар и многу напредувате. Кога ја слушнав вест полудев. Бев многу среќен. Едвај чекам да заиграм заедно со него“, вели Лесор.

Се вчитува...