Ига Швјонтек по меч кој траеше три часа се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон

Ига Швјонтек го завери своето место во четвртфиналето на Вимблдон откако во епски меч кој траеше три часа и четири минути, а два сета беа одлучени во тај-брејк против Белинда Бенчич славеше со 2-1.

Прворангираната тенисерка загуби во првиот сет со 7-6, успеа да изедначи добивајќи го вториот сет со 7-6, а потоа да го добие и одлучувачкиот трет сет со 6-3 за пласман меѓу најдобрите осум тенисерки на грен-слемот на Велика Британија.

Се вчитува...