Томас Мение, белгискиот репрезентативец заминува од Дортмунд и се враќа во својата татковина, каде ќе биде промовиран за нов играч на Бриж. Практично тој ќе се врати во таборот на Бриж, каде настапуваше од 2011 до 2016 година.
Мение во Дортмунд дојде од ПСЖ во 2020 година, но ретко кога добиваше можност да игра во таборот на „милионерите“, па затоа сега дојде време за разделба.
Мение игра на позицијата десен бек, но може да игра и стопер. И покрај тоа што го нема во дресот на Дортмунд, сепак, тој е стандардно повикуван во репрезентацијата, за која има одиграно 62 натпревари и постигнато осум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

