Мерџани ги скина лигаментите, го чека операција и пауза од шест месеци

Само што дојде во Шкендија од Струга ТЛ, левиот бек Зија Мерџани го чека долга пауза. На натпреварот против Сараево за време на подготовките во Словенија, Мерџани ги скина лигаментите на левото колено, и на 24. јули ќе оди на операција, по што го чека процес на рехабилитација.

Тоа ќе значи дека Мерџани сигурно го пропушта есенскиот дел од сезоната, и според прогнозите би требало да биде на располагање дури во пролетниот дел за тетовските „црвено-црни“.

„Зија Мерџани беше принудно сменет на контролната средба со Сараево во подготвителната фаза во Словенија. Првите прегледи дадоа индиции за сериозна повреда, но откако играчот беше подложен на дополнителни и детални тестови за да се утврди степенот на повредата, за жал резултатите го потврдија најлошото. Дефанзивецот доживеа кинење на вкрстените лигаменти на левото колено и на 24 јули ќе добие термин да оди на операција која ќе го оддалечи од терените подолг период. Сите во клубот сега ќе му даваат поддршка на Мерџан за брзо опоравување и негово враќање на терените.“, стои во соопштението на Шкендија.

Се вчитува...