Огњен Јарамаз во новата сезона ќе се врати во редовите на белградскиот гигант Партизан, пренесуваат српските медиуми. Српскиот кошаркар и евролигашот ги договориле сите услови за соработка и останува уште официјално претставување.
Јарамаз кариерата ја започна во Мега, а по успешните настапи во АБА лигата доби договор од страна на Бург. Шпанскиот тим го позајми на Партизан за кој настапуваше од 2019 до 2021 година пред да се пресели во редовите на Баерн Минхен.
За германскиот тим претходната сезона настапи на 25 натпревари на кои забележа просек од 6.3 поени, 1.5 асистенција и 1.2 скока, но не се најде во плановите на Пабло Ласо за престојните предизвици.
Трансферот во Партизан ќе го чини белградскиот тим 100 илјади евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА