Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ ова лето има шанса да го потпише најголемиот договор во неговата кариера. Имено, станува збор за интерес на саудискиот клуб Ал Етихад кој му нуди тригодишен договор вреден 40 милиони евра по сезонта.
Саудискиот клуб кој во новата сезона ќе биде предводен од Стивен Џерард се обидува да ја искористи лошата финансиска ситуација на Севилја и да го принуди не само Хрватот, туку и клубот да се сложи за трансферот кој на клупско ниво ќе вреди пет милиони евра.
Ракитиќ кој има договор со Севилја и за следната сезона неодамна изјави дека намерува да остане во андалузискиот клуб каде што има легендарен статус до самиот крај на кариерата, но понудата која не се обива, а може да му помогне и на омилениот клуб може лесно да ги промени плановите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

