Крај на војната помеѓу ФИБА и Евролига

Светската кошаркарска федерација и Евролигата ставија крај на неколкугодишниот конфликт со постигнат договор за понатамошно усогласување на календарите за клупските и репрезентативните натпреварувања.

Овој конфликт се одрази најмногу на репрезентациите кои во неможност да ги пратат најдобрите кошаркари на квалификациските натпревари често не успеваа да изборат место на континенталните или светските собири.

„ФИБА и Евролигата постигнаа договор за избегнување на преклопување на репрезентативните и клупските натпреварувања во сезоната 2023/24. Тие потврдија и дека ќе продолжат со разговорите во следните 12 месеци за да се дојде до заемно прифатливи решенија во корист на кошарката во Европа и светот. За ова прашање нема да има дополнителни коментари“, стои во соопштението.

Се вчитува...