Челси го претстави новиот дрес, фановите воодушевени (ФОТО)

Петкратниот шампион на Премиерлигата, Челси во новата сезона ќе се бори само на домашно тло, а за таа прилика денеска ги претстави новите дресови кои ги воодушевија навивачите.

Дресот има ретро стил и е посветен на сезоната 1997/1998 во која „сините“ го освоија првиот европски трофеј во Купот на победниците на куповите. Истиот го носеа имиња како Џанфранко Ѕола, Роберто ди Матео, Денис Вајс, Џанлука Виали…, а од август успеси во него ќе бараат Рис Џејмс, Бен Чилвел, Енцо Фернандез…

Се вчитува...