Познат е новиот капитен на Барселона

Фудбалерите на Барселона денеска ги започнаа подготовките за новата сезона во која ќе го бранат трофејот освоен во шпанското првенство, но и ќе атакуваат на висок пласман во Лигата на Шампионите и трофеј во Купот на кралот.

По заминувањето на Серхио Бускетс беше отворено прашањето за наследник на капитенската лента, а истата во новата сезона ќе ја носи Серхи Роберто.

Детето на Барселона го помина патот од Ла Масија до првиот тим, а во него е веќе 14 години. Претходната сезона настапи на 23 натпревари во Ла Лига, а постигна четири гола и забележа една асистенција.

Се вчитува...