Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини претходниот месец беше отпуштен од страна на раководството на Милан поради недоразбирања и неуслогласени ставови. А, по него од тимот заминува и неговиот син Даниел.
Младиот фудбалер следната сезона ќе настапува како позајмен играч во Емполи кој претходната сезона заврши на 14. место во Серија А.
Дваесетиедногодиникот кој воедно е и најмладиот син на Паоло игра на позицијата офанзивен играч за врска и по поминатите младински категории на „росонерите“ е дел од првиот тим од 2020 година со тоа што претходната сезона исто така ја помина на позајмица, во редовите на Специја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА