Добро информираниот француски новинар Даниел Риоло објави дека најдобриот француски фудбалер нема намера да потпише нов договор со Пари Сен Жермен.
„Килијан Мбапе следната сезона ќе биде во Пари Сен Жермен. Дури и да одлучи ПСЖ да го стави на клупата, тој ќе остане во клубот“, тврди Даниел Риоло.
Претходно, претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи изјави дека Мбапе следната сезона ќе игра за ПСЖ, само доколку потпише нов договор.
Не може да го натера да го напушти клубот кога има уште една година од договорот, но исто така не сака да го пушти Мбапе бесплатно да си замине следната година. Во тој случај единствена одмазда би била да го преместат на клупата и да не игра цела сезона.
Во тој случај сите би изгубиле. ПСЖ затоа што би го задржал својот најдобар играч на клупата 12 месеци, Мбапе затоа што нема да игра никаде една година.
Затоа е најреално дека летово ќе се пресели во Реал. Но, Килијан Мбапе не го сака тоа, односно шпанските медиуми пишуваат дека тој веќе се договорил со Реал Мадрид следното лето да дојде без обештетување и да добие астрономски договор како награда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА