Амбициозниот норвешки проект во голем финансиски проблем

Амбициозниот норвешки ракометен проект Колштад, уште непочнат се соочува со големи финансиски проблеми, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Во клубот минатата сезона дојдоа домашните ѕвезди Тобјорн Бергеруд, Магнус Гулеруд и Ветле Ек Ага, како и Исланѓаните Гудјонсон и Смарасон. Ова лето на Колштад му се приклучуваат Сандер Сагосен, Магнус Абелвик Род, Горан Јоханесон… меѓутоа дојде до „проблеми во рајот“. Поради фактот дека за две години буџетот за плати се зголеми за повеќе од шест пати, сега клубот побара од ѕвездите кратење на платите.

Така, уште недојдени во клубот, без одработен прв тренинг во новата средина неколку големи ракометни имиња добија прашање да примаат помали плати. Според норвешките медиуми, првата година од играчите е побарано да земаат 30% помали примања, додека во втората за 20%. Секако, овие информации се непотврдени и медиумите во Скандинавија се повикуваат на своите извори блиски до клубот. Сепак, јасно беше дека е тешко така одеднаш да се крене нивото и буџетот без да се наиде на попатни проблеми.

Колштад сезонава ќе игра во Лигата на шампионите заедно со македонскиот шампион Пелистер.

Се вчитува...