Фудбалски тренер обвинет за силување на деца

Фудбалскиот тренер Камило Хуртадо Кампос, е обвинет дека дрогирал и силувал најмалку 10 момчиња.
Тој е уапсен откако на неговиот мобилен телефон биле пронајдени фотографии и видеа од деца, соопшти полицијата.

На 22. јуни, локален ресторан ја контактирал полицијата откако персоналот пронашол телефон што го оставил клиент. Работниците го пребарале за да се обидат да го утврдат сопственикот и пронашле „непристојни видеа и слики од деца.

Кампос беше уапсен следниот ден под обвинение за силување на дете и сексуална експлоатација на малолетник. Оттогаш, детективите пронајдоа стотици видеа и слики на телефонот. Се вели дека Кампос се снимал како силува онесвестени момчиња на возраст меѓу девет и 17 години.

Полицијата идентификувала две жртви и работи на идентификација на останатите. Бидејќи децата на видеата биле во несвест, можеби нема да сфатат дека се жртви.

Кампос живее во областа Френклин веќе 20 години и често им приоѓа на децата кои играат на училишните игралишта за да ги регрутира за неговиот фудбалски тим, да ја придобие нивната доверба и потоа да ги покани во својот дом, соопшти полицијата.

Се вчитува...