Барселона поради две причини не сака да го врати Нејмар

Фудбалскиот клуб Барселона одби да преговара со бразилскиот репрезентативец Нејмар околу враќањето на фудбалерот на Пари Сен Жермен на „Камп ноу“.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година, а потоа се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Сепак, бразилскиот фудбалер е незадоволен од својот статус во францускиот клуб, поради што побарал од менаџерот да започне преговори со Барселона.

Раководството на каталонскиот клуб не сака да го врати Нејмар од две причини. Барселона е во тешка финансиска ситуација и не може на Нејмар да му понуди висока плата. Тој има договор со ПСЖ до јуни 2025 година, а заработува 40,8 милиони евра по сезона.

Исто така шпанските медиуми наведуваат дека Барселона не сака да го врати Нејмар затоа што Бразилецот може да предизвика немир во соблекувалната на каталонскиот клуб, што би се одразило на резултатите на тимот.

Се вчитува...