Со години играше со Кристијано Роналдо, но за Вејн Руни најдобар фудбалер на сите времиња е Лионел Меси.
Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС, а се уште го чекаме дебито во дресот на Интер Мајами каде пристигнаа и Серхио Бускетс и Херардо Тата Мартино.
„Потписот на Меси со Интер Мајами е одличен потег на МЛС. Комерцијално ќе биде голема работа да се привлече интересот на целиот свет, бидејќи тие го доведоа веројатно најдобриот фудбалер што некогаш ја играл оваа игра. Сигурен сум дека ќе му донесе скок на Мајами на табелата. Тренери, играчи, навивачи… Сите се возбудени што ќе го видат во оваа лига“, додаде Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

