Комесарот на НБА лигата Адам Силвер уште еднаш проговори за проширувањето на лигата. Од 2004 година, ставот на НБА за проширување не е променет, но ова не е прв пат Адам Силвер да ја споменува оваа можност.
Овој пат тој навести дека оваа опција можеби е неизбежна, но сега не е време за тоа.
„Тоа не е сигурна работа, но како што веќе кажав, мислам дека е природно организациите да растат со текот на времето. Ќе погледнеме во Лас Вегас. Нема сомнеж дека постои огромен интерес за Сиетл. Не е тајна. Има и други пазари кои покажаа интерес. За оние кои ќе слушнат за ова интервју или ќе зборуваат за тоа, сакам да нагласам дека сега не сме вклучени во тој процес. Во моментов не одржуваме средби со потенцијални групи. Тоа што го кажуваме на сите приватно е истото. Јавно кажувам дека ќе има многу отворен процес откако ќе бидеме подготвени да размислиме за проширување. Но, тоа време се уште не е дојдено“, заклучи Силвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

